Кинеските вооружени сили организираа воени вежби во близина на Тајван, а овие мерки се преземени за да се „предупредат САД“, се вели во соопштението на Борбената команда на Источната зона на Народноослободителната војска на Кина.
„Неодамна борбената команда на источната зона на Кинеската ослободителна армија организираше заеднички патроли за борбена готовност и воени вежби во морето и воздушниот простор околу островот Тајван“, се вели во соопштението на командата на социјалната мрежа WeChat, пренесува РИА.
Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето
„Сериозно предупредување“
Во соопштението се додава дека тоа е „сериозно предупредување со оглед на неодамнешните активности меѓу САД и Тајван“, пренесува Танјуг.
Во документот се нагласува дека Тајван е дел од Кина, а кинеската војска има можности и е решена да спречи мешање на надворешни сили, како и да спречи какви било обиди на сепаратистичките сили да организираат „независност на Тајван“.