Кина предлага закон кој ќе го олесни регистрирањето на браковите и ќе го отежне разводот

Сподели со своите пријатели

Кина подготви легислатива што ќе им олесни на паровите да ги регистрираат своите бракови, а истовремено да го отежнат поднесувањето барање за развод.

Loading...

Кинеското Министерство за цивилни работи го објави нацртот оваа недела, а граѓаните ќе можат да ги достават своите коментари до министерството до 11 септември, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Државните лидери веќе некое време бараат начини да ги охрабрат младите парови да се венчаат и да имаат семејства, бидејќи популацијата на државата се намалува втора година по ред.

Разводите ќе бидат предмет на 30-дневен период на чекање, кој е создаден за да им даде време на паровите да се предомислат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

„Уредбата ја промовира важноста на бракот и семејството и има за цел да ги намали импулсивните разводи и да ја одржи социјалната стабилност“, рече Џијан Ксуенбао, професор на Институтот за студии за население и развој на Универзитетот Ксиан Џиаотонг.

Бројот на кинески парови кои се венчале во првата половина од годината изнесува 3,43 милиони, што е за 498.000 помалку од претходната година.

Експертите проценуваат дека ова е најмалиот број на свадби од 2013 година, бидејќи се повеќе млади луѓе го одложуваат чинот, според официјалните податоци.