Кина: Карантин за шест милиони луѓе во Женгжу

Сподели со своите пријатели

Женгжу, град во централна Кина, кој е дом на огромна фабрика за Ајфони, им нареди на шест милиони луѓе да се затворат откако порастот на случаи на „Ковид-19“ предизвика насилни протести во индустрискиот центар.

Loading...

Стотици работници протестираа пред фабриката и се судрија со полицијата вооружена со палки и облечени во бели комбинезони за да се заштитат од инфекција.

Градските власти веднаш наредија голема кампања за тестирање на коронавирус во неколку населби, кои беа затворени пет дена, почнувајќи од петок на полноќ.

Жителите од центарот на градот повеќе не можат да ја напуштат својата населба без негативен ПЦР тест и дозвола од локалните власти. Им беше препорачано да не го напуштаат соседството, „освен ако е апсолутно неопходно“.

Мерките зафатија околу половина од населението на Женгжу и не се однесуваат на делот од градот каде што се наоѓа фабриката за Ајфони, каде работниците веќе неколку недели се подложени на строги мерки.

Според немилосрдната политика на „нулта ковид“ на Кина, дури и најмалиот скок на инфекции резултира со затворање на цели градови и карантин на секој што е позитивен на коронавирусот.

За повеќето луѓе, оваа стратегија предизвикува замор, отпор и незадоволство.