Кина испрати нов екипаж во вселенската станица Тиангонг

Сподели со своите пријатели

Во вторникот, Кина испрати нов екипаж во својата вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) од вселенскиот центар Џиучуан, кој се наоѓа во северозападниот дел на пустината Гоби.

Ракетата од типот Long March 2F, долга 60 метри и тешка 40 тони, носеше тричлен екипаж во вселенското летало Шенжу 19, што значи „магичен брод“, пренесува ДПА.

Според Кинеската вселенска агенција, командантот Каи Шуже (48), инженерот Ванг Хаозе (34) и поранешниот воен пилот Сонг Лингдонг (34) треба да се приклучат на вселенската станица приближно 6,5 часа по влегувањето во вселената.

За време на својот шестмесечен престој во вселената, екипажот ќе спроведе 86 научни и технички експерименти, ќе изврши вселенски прошетки и ќе инсталира заштитни мерки од вселенски отпад на Тиангонг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Екипажот на вселенското летало Шенжу 19 ќе замени тројца членови на мисијата Шенжу 18, кои работат на вселенската станица од април.

Нивното враќање на Земјата е закажано за 4 ноември.