Ким Џонг-ун прегледа фотографии од шпионскиот сателит. Сеул означен како мета

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун прегледал фотографии од „главните цели“ снимени од новиот шпионски сателит, вклучително и јужнокорејската престолнина Сеул и градовите каде што се наоѓаат американските воени бази, објавија денеска државните медиуми.

Loading...

Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, лансираше сателит во четвртокот.

Ким ги прегледа фотографиите за време на посетата на контролниот центар на Националната администрација за вселенска технологија во Пјонгјанг, објави новинската агенција KCNA.

Севернокорејските власти ги критикуваа САД

Фотографиите се направени кога сателитот го прелетал Корејскиот полуостров вчераутро.

На нив се наоѓаат Сеул и градовите Мокпо, Кунсан, Пјонгтаек и Осан, каде се наоѓаат американските и јужнокорејските бази.

Во друг извештај на KCNA, севернокорејските власти ги критикуваа САД за вооружување на „марионети“ и предупредија дека најмала искра на Корејскиот полуостров ќе резултира со глобална нуклеарна војна.

„САД ќе биде подобро да размислат за катастрофалните последици од снабдувањето со оружје на нивните марионети“, наведува агенцијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...