,,Kaко до успешна и здрава спортска личност” – јавна трибина

Сподели со своите пријатели

Во организација на Граѓански форум – Куманово, вечерва се одржа предавање за здрав и активен начин на живот, наменето за младата популација, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации во Куманово. Беа презентирани теми со цел да се поттикне поголем интерес кај младите за спортски активности, за да се намали можноста за деформитет во текот на нивниот раст и развој. На едукативниот настан, свои излагања имаа еминентни претставници од областа на медицина и спортска култура, од Македонија и поранешна Југославија. Пред присутните специјално обраќање имаше легендата на југословенската кошарка Зоран Славниќ, познатиот Мока, кој со својата спортска животна приказна, даде посебен белг на настанот.

Loading...