Како да возат на керозин: Лани за патни трошоци на пратениците исплатени милион евра (фото)
On:
Сподели со своите пријатели
Според информациите добиени од Собранието на Република Македонија на пратениците им следуваат додатни средства за дневници и патни трошоци во странство и за патни трошоци во земјава. Јавноста е веќе запозната дека се работи за огромни пари за кои постојат сомневања дека не се исплаќаат според намената.
Loading...
Во Собранието велат такви се законските норми. Никој од последниот собраниски состав не се ни обидува да направи нешто во однос на евентуалните законски измени и заштеда на собранискиот буџет. Напротив, дури има и предлози за зголемување на пратеничките привилегии.
Лани за патувања во земјата се исплатени вкупно 58.767.723 денари, а за првите шест месеци од годинава 29.589.997. Во 2014 година за патувања во странство се исплатени околу 47.000 евра, од кои најголем дел за пратениците од дијаспората (Милорад Додевски – 664.948 денари, Васко Наумовски – 662.711 и Павле Сазодов 989.502 денари).