Јутјубер тврди дека има несоборлив доказ дека слетувањето на Месечината било лажирано (видео)

Сподели со своите пријатели

Целиот свет со исчекувањето го следел историскиот настан. Денес се почесто се споменува дека всушност сето тоа било лага.

Уште откако човекот прв пат стапнал на Месечината, тој 21 јули 1969 година, теоретичарите на заговори се обидуваат да докажат дека тоа никогаш не се случило и дека само се работи за американска пропаганда.

Анализирајќи го летот на Аполо 17, шесте и полседни мисии на НАСА на Месечината во декември 1972 година, теоретичарите на заговори велат дека имаат доказ дека тој историски момент за човештвото бил лага.

Се работи за мисија во која астронаутите Јуџин Сернан и пилотот на лунарниот модул Харисон шмит минале 22 часа на површината на Месечината, додека колегата Роналд Еванс им кружел над главата.

Loading...

Тимот наводно извел низа експерименти на Месечината, но според видеото кое сега е објавено на интернет, од страна на корисник под името Streetcap1 тоа не било така.

Тој се фокусирал на одсјајот на кацигата која на главата ја има еден астронаут.

– Ми изгледаше чудно па ја анализирав фотографијата. Во визирот се гледа фигура на човек кој не носи вселенско одело. Ако биле на Месечината, каде му е оделото на овој чове? прашува теоретичарот на заговори.

Неговата објава на интернет има стотици илјади прегледи за два дена, а бројни корисници се сложуваат со оваа негово тврдење.

– Лицето во одразот на себе има типично војничко одело. Овој доказ е прекрасен, не може никако поинаку да се објасни. Какво одлично откритие, напишал еден од нив.

Што мислите вие? Историски успех или измама?