Југославија некогаш имала два брода кои го носеле името Куманово

Сподели со своите пријатели

Во белградското бродоградилиште „Тито“ во присуство на многу гости во 1970 година бил пуштен во реката Сава, птискувачот „Куманово“.

Loading...

При пуштањето на бродот присуствувала и делегација од Куманово, што тогаш ја предводел претседателот на Општинското собрание Блашко Јаневски, а бил присутен и дел од ешалонот на граничарите од македонските граници.

Бродот „Куманово“ го кумувала Лилјана Милевска, сопруга на помошникот генерален директор на Скопска железница.

Потиснувачот „Куманово“ бил најголем речен брод во Европа во тоа време и бил нарекуван „остров што плови“.

 

 

Овој брод, што бродоградилиштето „Тито“ го изградил за Југословенското речно бродарство, потиснувал 8 баржи со 12.500 тони товар и чинел конвој долг 260, а широк 33 метри.

Loading...

Бродот од 3.300 КС претставувал највисок домен на техниката на градбата – целокупната работа на погоните и бродските комплекси можеле да се одвиваат 16 часа без присуство на посада. Со конвојот ракувале само 11 работници, наместо 34, колку што биле потребни за иста тонажа со класично влечење.

Ова бил втор брод во Југославија што го носел името „Куманово“. Во 1966 година Југословенската океанска пловидба од Котор, исто така, добила модерен брод што го носел името Куманово.

 

 

Извор: „Наш весник“ – 5 јуни 1970 година

Leave a Reply