Јоханес Хан на твитер објави дека лидерите се седнати на иста маса (видео)

Сподели со своите пријатели

Во салата за состаноци, Берлемон, на Европската комисија во Брисел во моментов се водат разговорите со еврокомесарот Јоханес Хан, со цел надминување и изнаоѓање решение за политичката криза во Македонија.

Loading...

На состанокот во Брисел се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледаат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, а во просторијата во која се одржува состанокот присутен е и известувачот за Македонија на Европскиот парламент Иво Вајгл.

„Состанокот туку што започна. Се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на земјата“ напиша Хан на твитер.