Според прелиминарните податоци, јапонската економија пораснала за 1,5 отсто во вториот квартал, од април до јуни, во однос на претходниот квартал, објави денеска Кабинетот на Јапонија – CAO.
Јапонската економија забрза до раст од 0,9 отсто во првиот квартал, што е значително над очекувањата на пазарот за квартален раст на БДП од 0,8 отсто од април до јуни.
Ова е најголемиот квартален раст на јапонската економија од последниот квартал на 2020 година, поттикнат од кварталниот пораст на извозот од 3,2 отсто, пренесува Танјуг.
Приватната потрошувачка, која сочинува повеќе од половина од економијата, падна за 0,5 отсто по растот во претходните два квартали.
Јапонскиот БДП порасна за 1,1 отсто минатата година, забавувајќи се во однос на 2021 година, кога економијата порасна за 2,1 отсто.