Јапонија: 72.000 луѓе евакуирани поради тајфун

Сподели со своите пријатели

На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меара, пренесува Kyodo.

Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиштето и силни ветрови, особено во регионот Токаи во централниот дел на земјата.

Прва на удар ќе биде префектурата Шизуока.

Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп шокира со нова закана: Најавува национална вонредна состојба

Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до недела наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.

фото: илустрација