Јапонците стопија 80.000 тони електроника и ги направија сите медали за Олимписките игри

Сподели со своите пријатели

Јапонија веќе преработила скоро 80.000 тони мобилни телефони и друг вид електроника за да направи медали за Олимписките и Параолимписките игри кои во Токио ќе се одржуваат следната година.

Loading...

Така медалот за Токио 2020 година, целосно ќе биде изработен од метал изваден од скоро 80.000 тони стара електроника, односно над шест милиони мобилни уреди.

Јапонците тажни поради слободни денови

Организаторите на Токио 2020 собрале стара електроника во претходните две години и извадиле доволно метали за околу 5.000 олимписки и параолимписки златни, сребрени и бронзени медали.

Иако натпреварувањето започнува за година дена, Јапонија не губела време и веќе ги подготвила медалите.

Зошто Јапонците се најдолговечната нација?

Така се испоставило дека гаџетите всушност биле се што е потребно за изработка на медалите.

Се поставува прашањето дали рециклираната пластика би можела да биде добар материјал за врвките.

Loading...

Јапонците имаат техника против мрзеливост

Според извештајот на организаторите, од тие 80.000 тони електроника, извадени биле 32 килограми злато, 3.500 килограми сребро и 2.200 килограми бронза (бакар и цинк во овој случај).

Инаку, Јапонците се нација која најмногу користи електронски отпад за да напарви нови уреди.

Image by Adriano Gadini from Pixabay

Leave a Reply