Зошто Јапонците се најдолговечната нација?

Сподели со своите пријатели

Поточно прашањето би требало да гласи: Зошто жителите на јапонскиот остров Окинава живеат најдолго од сите луѓе во светот? Научно е докажано дека должината на животот зависи и од гените.

Зарем овие луѓе имаат најдобри гени? Научните истражувања покажале дека гените на овие жители не им даваат никаква предност, а основниот решавачки фактор во случајот е здравиот начин на живот.

Што всушност јадат жителите на Окинава?

Жителите на архипелагот употребуваат најмногу зеленчук, ориз, зелка, соја, зелен чај, овошје и се разбира риба и други морски плодови, а исто и растителни масла. Овие продукти го неутрализираат ефектот на слободните радикали, кои имаат основна улога при стареењето, а истовремено учествуваат во обновувањето на клетките.

Жителите на островот консумираат и месо но не почесто од една порција неделно.  Се што консумираат е со минимална обработка, а освен тоа продуктите се органски – одгледани без вештачко ѓубриво и со првокласен квалитет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.