Јапонците имаат техника против мрзеливост

Сподели со своите пријатели

Секој од нас од време на време си поставува некоја нова цел која сепак не успева да ја оствари, па во такви ситуации обично велиме дека не било моментот, дека тоа ќе го направиме наредната недела, месец или година.

Во јапонската култура постои техника наречена „Каизен“, која се однесува на „принципот една минута“. Суштината на оваа метода на самоусовршување е во идејата секој ден во исто време да се работи нешто во траење од една минута.

Дали ќе се прават склекови, ќе се чита книга на странски јазик, ќе се репаваат задачи која стојата пред вас…, нема да го доживувате како нешто непријатно од што треба да се отарасите, туку тоа ќе се претвори во активност која ви носи радост и задоволство.

Со ситни чекори ќе напредувате на патот кон совршување и ќе остварите одлични резултати.

Кога сакате да постигнете одредена цел, многу е важно да се надмине чувството на недоверба во сопствените способности, чувството на вина и беспомошност. Тоа што треба да се искуси за поместување од мртвата точка, е чувството дека сте победиле и постигнале успех.

Терминот „Каизен“ се состои од два збора „kai“ (промена) и „zen“ (мудрост). Него го измислил Масаки Имаи, теоретичар на однесувањето во организации и советник за мендаџмент. Тој верува дека оваа филозофија е подеднакво успешна во светот на бизнисот и во притваниот живот.