Јагода – овошје преполно со изненадувања и лековити својства

Сподели со своите пријатели

Јагодите се посветени на Венера, божицата на љубовта. Според древната легенда, ако поделите двојна спарена јагода на половина, па едната половина ја изедете вие, а другата лицето кое го сакате, ќе бидете вечно вљубени еден во друг, пишува Неуромедика.

Loading...

Јагодата е несомнено овошје со најнеодолив изглед, со најпријатен мирис и занесен вкус, а воедно е здраво па дури и лековито. Јагодите припаѓаат на фамилијата ружи (Rosaceae), кои на долгата дршка имаат по три назабени листови.

Оваа бобинка е преполна со изненадувања! Меѓу бројните видови јагоди постојат дури и жолти, кои се сметаат за посебен специјалитет и чии плодови се берат се` до есента.

Интересно е да се спомене и тоа дека јагодите се единственото овошје чии семки не се скриени во внатрешноста на плодот, туку се наоѓаат однадвор.

Лековитите својства на јагодите се познати уште од антички времиња. Освен плодот, за лекување може да се користи и коренот, како и листовите.

Чајот од лист од јагода со векови се користи како лек против дигестивни пречки, екцеми, воспалено грло, грип и настинки, и за лекување на костоболка.

2 полни чајни лажички сув лист од јагода прелијте со 250 мл зовриена вода. После 15 минути процедете. Пијте го трипати дневно по една чаша после јадење. Овој чај може да се користи и за плакнење на грлото.

Ако сакате да го прочистите организмот, навечер почестете се со поголема порција свежи јагоди (без додатоци од шеќер и шлаг) и наутро ќе се разбудете свежи, одморни и полни со енергија за претстојниот ден.

Loading...

Бидејќи поседуваат својства на аналгетик, штом имате главоболка, не посегнувајте веднаш по аспирин. Подобро е да изедете порција сочни јагоди, бидејќи за разлика од аспиринот кој содржи ацетилсалицилна киселина, јагодите содржат природни салицилати.

Исто така, благодарејќи на противвоспалителните, антипиретските и антибактериските својства, јагодите ќе ви послужат за ублажување на воспалителните процеси, за намалување на температурата и при мускулни болки. Покрај тоа, претставуваат одлично средство за изгореници.