Реновирано подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре денеска и официјално беше отворено по извршената реконструкција, со што учениците и наставниците добија подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата.

Директорката на ООУ „11 Октомври“, Славица Стојановиќ, истакна дека реконструираните простории претставуваат повеќе од само физичко подобрување на објектот.

– Денешниот ден е особено значаен за нашето училиште, за нашите ученици и целата локална заедница. Денес не отвараме само обновена училишна зграда, отвараме ново поглавје во кое ќе учат нашите деца, ќе растат, ќе се развиваат во подобри, побезбедни и подостоинствени услови, рече Стојановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  71-годишен кумановец возел со 2,37 промили алкохол, полицијата го привела

 

 

Таа упати благодарност до хуманитарната организација „Срби за Србе“, нагласувајќи дека нивниот ангажман покажал солидарност и грижа за најмладите.

 

 

Стојановиќ додаде дека училиштето не треба да се гледа само како објект, туку како место во кое децата стекнуваат знаења, развиваат таленти и создаваат спомени.

– Секое вложување во училиштето е вложување во децата, а секое вложување во децата е вложување во нашата заедничка иднина, порача таа.

 

 

На свеченото отворање присуствуваа претставници од Општина Куманово – претседателката и член на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска и Дарко Митевски, како и раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово загуби од Вардар во првиот домашен натпревар сезонава (ФОТО)

 

 

Меѓу присутните беа и претставници на хуманитарната организација „Срби за Србе“ од Србија, која ги обезбеди средствата за реконструкција на училиштето, претставници од кумановските основни училишта, локални помагатели и општествено одговорни субјекти.

 

 

Учениците и наставниците го збогатија настанот со пригодна културно-уметничка програма, со која им се заблагодарија на сите што придонесоа за обновата на училиштето.

 

 

Хуманитарната организација „Срби за Србе“ на годишно ниво собира средства од околу 250.000 донатори, преку кои обезбедува помош за социјално загрозени семејства во земјите од Балканот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола ивановски