Младоженецот и невестата секогаш заедно сечат торта и се хранат меѓусебно, но дали знаете зошто?

Сподели со своите пријатели

Еден од најдолговечните обичаи без кои не минува ниту една вечавка секако е кога младоженецот и невестата меѓусебно се хранат со торта. Еве од каде всушност потекнува оваа традиција и тоа претставува.

Loading...

Во античкиот Рим, а подоцна и во среднио век, гостите свадбената торта ја фрлале во насока на главата на невестата, затоа што се верувало дека тоа носи среќа и плодност.

Гостите потоа би се собирале и земале парчиња од тортата од невестата, па ги носеле со себе дома за срќеа.

Постои мит дека старосватиците своето парче торта го носеле дома и го ставале под перница преку ноќта, со надеж дека тоа ќе им донесе среќа во потрагата по сопруг.

Во средниот век постоела традиција според која гостите ставале торти, колачи и печива едни на други и ако младенците успеат да се бакнат преку таа кула, без да ја срушат, се верувало дека животот ќе им биде полн со благосостојба.

Image by SplitShire from Pixabay

Со времето во тортите започнало да се ставаат овошја како симбол на плодноста, а се верувало дека на невестата плоднос ќе и донесе ако сама ја сече тортата и ја сподели со другите.

Loading...

Кога започнале да се прават торти на повеќе катови, на невестата и требала помош за да стигне да ги послужи сите гости до полноќ.

Младоженецот започнал да помага и така сечењето торта симболички започнало да се смета за нивна прва заедничка задача и почеток на нивниот заеднички живот.

Наскоро младоженецот и невестета започнале меѓусебно да се хранат со тортата како симбол на обврзување, дека ќе се бранат меѓусебно, а воедно тоа е чин за прослава на нивниот нов заеднички живот.

Leave a Reply