Ја нарекувале „најгрдата во светот“: Никогаш немала над 29 килограми, слепа е на едно око, но таа не очајува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Инфлуенсерката и активистка Лизи Валаскез (35) е родена со синдром на марфаноид-прогероид-липодистрофија, познат и како „синдром на Лизи Валаскез“.

Loading...

 

 

Овој синдром е исклучително редок, но и покрај тоа, Лизи никогаш не се нарекувала себеси очајна поради тоа.

Имено, кога на Јутуб ја нарекуваа „најгрдата жена на светот“, нејзиниот живот целосно се промени.

„Читав ужасни коментари, пишуваа дека треба да му направам услуга на светот и да си пукам во глава. Наместо да се кријам од плачење, решив да бидам среќна “, изјави таа еднаш и додаде дека знае што значи да се биде жртва на насилство на интернет и дека сака да биде заштитник на сите што поминуваат низ истото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Титаник никогаш не е изваден од дното на океанот? (ВИДЕО)

Поради синдромот со кој е родена, Лизи има проблеми со таложење на телесните масти и дебелеење, поради што никогаш не тежела повеќе од 29 килограми.

Loading...

Исто така, покрај тоа што има многу слаб имунолошки систем, Лизи е целосно слепа на едното око, а има слаб вид на другото.

Кога, четири недели порано, Лизи дошла на свет, нејзината мајка ја пречекала во солзи бидејќи не можела да поверува колку е мала.

Колку е поинаква од другите сфатила веднаш откако тргнала во градинка бидејќи другите деца, за жал, избегнувале да си играат со неа.

Меѓутоа, поради сето тоа, зрелоста на возрасен човек ја стекнала на многу млада возраст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најопасното место во светот: Далеку поопасно дури и од Чернобил (ВИДЕО)

„Научив да се прифаќам таква каква што сум. Ако сменам нешто, тоа повеќе немаше да биде Лизи, немаше да биде вистинската јас”, заклучила таа.