ИЗНЕНАДУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ: Европските психопати имаат различни карактеристики од американските

Сподели со своите пријатели

Кои карактеристики ги имаат психопатите? Тоа би можело да зависи многу од земјата во која живеете, покажуваат резултатите на едно истражување.

Професии кои ги привлекуваат психопатите

Loading...

Истражувањето е објавено во публикацијата на Здружението на американски психолози „Journal of Abnormal Psychology“.

Спроведено е на примерок од 7.450 криминалци од Америка и Холандија, меѓу кои имало и голем број личности кои имаат карактеристики на клиничка психопатија, но сепак се покажале значителни разлики помеѓу нив.

Најистакнатите карактеристики на американските психопати се бесчувствителнот и недостаток на емпатија, додека на холандските психопати својствена им е неодговорноста и паразитскиот начин на живот.

Како изгледа мозокот на еден психопат и по што се разликува од останатите?

испитаниците исполнувале стандарден тест со кој се проценуваат карактеристиките на поединците во четири подрачја кои откриваат психопатија: афективни обележја (недостаток на емпатија, бесчувствителност, плитки чувства и незастрашливост), интерперсонални проблеми (манипулирање со другите и патолошко лаѓење), стилот на живеење (неодговорност и слаба контрола над своите постапки) и антисоцијално однесување (проблеми со однесување во детството, криминално однесување).

 

 

Освен недостаток на емпатија и бесчуствителност, централната личност на американски психопат е склона кон плитки чувства, додека кај холандските психопати тоа е периферна и не е особено честа појава.

на големи разлики во резултатите од истражувањето можеле да влијаат и разликите во оценувањето во Америка и Холандија, пишува Quartz.

Leave a Reply