Изјавата на поранешниот шеф на НАТО ја потресе Украина: „Tри сценарија за крај на војната!“

Сподели со своите пријатели

Поранешниот врховен командант на трупите на НАТО во Европа, Филип Бридлав, тврди дека постојат три сценарија со кои би можела да заврши војната во Украина, а две од нив предвидуваат руска победа.

Loading...

„Ако не направиме нешто поинаку веднаш, на крајот Украина ќе загуби бидејќи Русија има многу повеќе луѓе и длабочина од Украина“, изјави Бридлав за Newsweek.

„Ако Западот ја напушти Украина, тие ќе се борат храбро, но десетици илјади Украинци ќе загинат и на крајот Русија ќе ја потчини цела Украина, која повторно ќе биде руски вазал“, додаде тој.

Како командант на НАТО, Бридлав беше сведок на последиците од анексијата на Крим во 2014 година од страна на рускиот претседател Владимир Путин помеѓу 2013 и 2016 година.

Тој наведува дека денес се уште постои едно сценарио кое дава надеж за Украина.

„Доколку Западот одлучи да ѝ го даде на Украина она што ѝ треба за да победи, Украина ќе ја добие оваа војна. Оваа војна ќе заврши токму онака како што западните креатори на политика сакаат да заврши“, посочи тој.

Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) верува дека замрзнувањето на конфликтот во овој момент би било полоша опција отколку да продолжи да и помага на Украина, бидејќи тоа ќе му даде време на Путин да се подготви за обновени воени напори и конфликт со НАТО.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...