Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен за да го изгаснат пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот.
Од пламените јазици причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.
Причините за избувнување на пожарот остануваат непознати.
фото: архива
Loading...