Изби војна меѓу Индија и Пакистан, држави со 1.7 милијарди жители и нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Индија синоќа изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад тврди дека соборил пет индиски борбени авиони, во најлошиот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните две децении.

Loading...

Индиската страна објави дека девет цели поврзани со „терористичката инфраструктура“ биле погодени, односно со нападот на исламистичките милитанти врз хинду туристите во индиски Кашмир минатиот месец, во кој беа убиени 26 лица.

Нападот беше наречен Операција Синдор.

 

 

Индиските медиуми објавија дека името на операцијата Синдор е референца на синдор, црвен прав што жените во Индија го носат во косата како знак дека се во брак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гутереш: Светот не може да си дозволи воена конфронтација меѓу Индија и Пакистан

Се нанесуваа на челото и често е дел од хиндуистичките обичаи и ритуали, особено на свадбите.

Loading...

Мажените жени го применуваат секојдневно, додека вдовиците не.

 

 

„Целта е да се хуманизираат жртвите на терористичкиот напад“

За време на терористичкиот напад во Пахалгам, неколку жени ги загубија своите сопрузи кои беа убиени пред нивните очи.

По нападот, фотографија од шокирана жена која седи до телото на својот сопруг се прошири низ социјалните мрежи во Индија. Сцената стана симбол на терористичкиот напад, во кој беа убиени 26 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва ги повика Индија и Пакистан на воздржаност

Жената на фотографијата е Химанши Нарвал. Таа беше во брак со 26-годишниот поморски офицер Винај Нарвал помалку од една недела. Двојката била на меден месец кога Винај бил убиен.

 

Loading...

 

Индиските медиуми објавуваат дека „изворот“ тврди дека името на операцијата Синдор има за цел да ги хуманизира жртвите и да обезбеди нивната жртва да не биде заборавена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кашмир – регион без мир

По нападот, индиската армија објави на мрежата X: „Правдата е задоволена. Да живее Индија!“