Италија: Во акција против нарко-мафијата, уапсен поранешен член на групата Банда дела Маљана

Сподели со своите пријатели

Во Италија денеска во операција насочена против меѓународен синџир за шверц на дрога со седиште во Рим, уапсени се 27 лица, меѓу кои и Марчело Колафилџи, поранешен член на озлогласената криминална група „Банда дела Маљана“.

Loading...

Уапсени се во Рим, Неапол, Фоџа и Витербо, а 11 осомничени се притворени, додека 16 лица се во домашен притвор, пренесува Анса.

Инспекторите се сомневаат дека Колафиљи е водач на оваа група и дека успеал да организира мрежа за шверц на големи количества дрога, како и да одржува соработка со членовите на мафијашките организации Ндрангета, Камора и Фого, иако се уште е ја издржува казната затвор во „полуслободен“ режим, наведува италијанската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се обидува ли САД да го спречи човекот кој го организираше нападот на Кулите близначки да признае сè?

Поранешната криминална организација Банда дела Маљана беше активна во Рим од 1970-тите до 1990-тите, и беше инспирација за филмот „Криминален роман“, кој беше базиран на романот на Џанкарло Каталдо, а во режија на Микел Пласид.