Италија: Потона едрилица долга 56 метри. Седум исчезнати

Сподели со своите пријатели

Кај Палермо, околу пет часот утринава потона едрилица долга 56 метри со 22 лица.

Loading...

Италијанските медиуми пишуваат дека таа потонала во морето пред Портчело, а 15 луѓе биле спасени од бродови на крајбрежната стража и пожарникари.

Седуммина се уште се водат како исчезнати.

Бродот потонал на длабочина од 49 метри

Преживеаја државјани на Велика Британија, Нов Зеланд и Ирска.

Еден преживеан е од Шри Ланка, а двајца имаат двојно британско-француско државјанство.

Меѓу нив има и дете до една година, кое превентивно е префрлено во Детската болница во Палермо.

Детето во болница пристигнало со мајката која има неколку површни повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на Дунав: 140 луѓе заробени на брод за крстарење поради зголеменото ниво на реката

Тој е добро, но останува под опсервација како мерка на претпазливост, пренесуваат италијанските медиуми.

Loading...

Се верува дека едрилицата потонала поради пијавица која ја зафатила областа.

Нуркачите веќе се движеле кон трупот на бродот, кој се наоѓа на длабочина од околу 49 метри, недалеку од брегот на Палермо.