Исповед на новинарката која била заробена и силувана 460 дена (видео)

Сподели со своите пријатели

Аманда Линдхаут е канадска новинарка која своевремено поминала 15 месеци во заробеништво во Сомалија.

Тортурата која ја преживеала тешко е да се замисли, а најшокантното во целата приказна е нејзината скорешна изјава дека на киднаперите им простила се и дека со нив е во контакт преку Фејсбук.

Своите искуства ги преточила во книга која ги опишува случувањата од 2008 година кога оваа новинарка, заедно со австралиски фотограф била киднапирана во близина на Могадиш, главниот град на таа африканска земја.

Во заробеништво била 460 дена, а преживеала само благодарение на коцептот „куќите на небото“ кој бил нејзина утеха за време на злоставувањата.

Абдулах ме силуваше, трпев страшни болки, се обидував да се одбранам и тогаш доживеав нешто неверојатно. Тоа беше надворешно искуство. Се видов себе си одозгора – вели Аманда.

Новинарката наведува дека тоа бил момент кога доживеала просветлување и сфатила дека единствената работа која нејзиниот мачител ја познава е насилството.

Моите киднапери се производ на војната и нив ги обликувала истата. Тие спознанија ми помогнаа да издржам. Сфатив дека и тие се човечки суштества со сопствени трауми и потресни приказни. Тоа никако не значи дека тие се невини, но факт е дека се производ на кутлура на насилство – додава новинарката.

Во својата книга „Куќа на небото“, Лидхаут раскажува како испеала да ја добие слободата. Имено, нејзиното семејство успеало да најде преговарач кој успеал да се договори со киднаперите да ја ослободат новинарката и фотографот во замена за 600 илјади долари.

Конечно тие биле пуштени на слобода во март 2009 година. Набргу по ослободувањето таа ја основала фондацијата чиј главен цел е унапредување на квалитетот на животот на жените во Сомалија и Кенија.

Веста за нејзиниот хуманитарен проект пристигнала и до нејзините киднапери, па еден ден на Фејсбук и пристигнала порака во која еден од нив ја пофалил нејзината работа за младите Сомалијки.

Тоа дека моите некогашни мачители се свесни за работата со која моментално се занимавам и тоа дека не успеаа да ме уништат, за мене е најдобро чувство на задоволена правда – додава Аманда.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.