Исчезна 57-годишен жител на селото Руѓинце

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен жител на селото Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пријавен за исчезнат.

Loading...

– На 11.05.2022 во 23.00 часот во СВР Куманово, М.Ј.(55) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат П.Б.(57) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски