Има ли вода на Месечината? Исчезна леталото кое требаше да истражи!

Сподели со своите пријатели

Индија изгуби контакт со вселенското летало Викрам.

Loading...

Се обидуваше да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило за да бара знаци на вода сателитот на Земјата, соопшти индиската организација за истражување на вселената.

Сè уште не е познато дали леталото слетало или имало несреќа. Индиската организација изјавила дека спуштањето на вселенското летало до Месечината било нормално до вториот километар од лунарната површина и дека е во тек анализа на податоците за да се утврди што се случило.

Мисијата „Чандријан 2“, која чинеше околу 140 милиони долари, имаше за цел да ги анализира кратерите на „темната страна на Месечината“ кои содржат резерви на вода, што е потврдено од мисијата „Чадријан 1“ во 2008 година.

Новата мисија полета од вселенскиот центар во Сатиш Даван на островот Шрихарикота на 22 јули, по што Чандријан 2 помина неколку недели на пат кон Месечината за конечно да влезе во орбитата на 20 август.

Вселенското летало Викрам се одвои од главниот брод на 2 септември и започна серија маневри за да се подготви за слетување.

Со успешното лансирање на вселенското летало, Индија ќе стане четвртата земја што го сторила тоа и само трета земја што поставила роботско возило.

Само три земји – САД, поранешниот Советски сојуз и Кина – слетаа со авиони на Месечината, а Кина стана првата земја што достигна до крајната страна на Месечината во јануари.

Loading...

Во април, израелско вселенско летало се урна моменти пред да слета на Месечината.

Leave a Reply