ИДФ: Погодена ќелија на оперативци на Хезболах кои планираа напади врз Израел

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) објави дека погодила ќелија на оперативци на Хезболах во јужен Либан, кои планирале да лансираат ракети кон Израел.

Loading...

Ќелија на Хезболах била забележана од војниците на 146-та дивизија во јужен Либан во Таир Харфа, а набргу потоа бил извршен напад со беспилотно летало, пишува The Times of Israel.

Претходно утринава неколку проектили беа истрелани од Либан кон областа Маунт Мерон, каде се наоѓа израелската база за контрола на воздушниот сообраќај.

Најмалку еден проектил бил пресретнат, додека другите два ја погодиле планината. Во нападот нема повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува