Израелската армија (ИДФ) денеска објави дека нејзините воздушни сили погодиле 35 цели низ Појасот Газа, додека групата Хамас изјави дека еден од нејзините команданти, Мухамед Џабер Абдо, бил убиен на Западниот Брег во битка со ИДФ.
Loading...
Меѓу целите што ги погоди ИДФ беа складишта за оружје на Хамас, места за лансирање ракети, снајперски позиции и „ќелии на терористички оперативци“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во исто време Хамас објави дека еден од командантите на таа милитантна група е убиен во битка со ИДФ заедно со тројца оперативци во село во близина на градот Рамала.