Хуманитарно Здружение „Мајка“ од Куманово во партнерство со: Коалиција СЕГА –Прилеп, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Советот за превенција и против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Центар за едукација и развој – Теарце и Ромски Ресурсен Центар –Скопје а со поддршка на Детската Фондација Песталоци го спроведуваат проектот „Промовирање на детските права и интеркултурна комуникација“
Од 05-11 Октомври 2015 година, за време на Светската Недела на Детето, а со цел одбележување на истата, хуманитарната организација ќе спроведе кампања за промоција на детските права и интеркултурната комуникација во Куманово.
На 5,6 и 7 октомври ќе се оддржат работилници за детски права во ОСТУ„Наце Буѓони“, Гимназија „Гоце Делчев“ и ОСУ „Перо Наков“со почеток во 12 часот, а на 8 октомври ќе се организира и спортски натпревар во ОСТУ „Наце Буѓони“ исто така со почеток во 12 часот.
Во рамките на истиот проект на 9 октомври ќе се одржи настан на градскиот плоштад со почеток точно напладне. Активностите се поддржани од Секторот за образование на Општина Куманово.
Како што додаваат од организацијата во периодот од 16 до 20 август годинава, во хотел „Бисер”- Струга во состав на проектот, се спроведе Летен Камп, на кој учество зедоа вкупно 42 деца, од различна националност, на возраст од 14 – 16 години од Прилеп, Скопје, Куманово, Теарце, Тетово, Кавадарци, и Струмица.
Преку различни креативни активности, на овој летен камп на децата им се овозможи да се стекнат со вештини и интеркултурни знаења од областа на детските права и интеркултурната комуникација додаваат од хуманитарната организација „Мајка“.