Во градската Уметничка галерија вчеравечер беше отворена хуманитарна изложба на млади кумановцина која беа претставени 33 дела на шест учесници.
[huge_it_gallery id=”315″]
На самоиницијатива на млади девојки од Куманово со уметнички дух, а со поддшка на Музеј на град Куманово ќе се продаваат изложените дела, а собраните средства ќе одат како финсиска помош за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.
Изложени се 33 дела, имаме шест учесници. Парите ќе одат на сметката на невладините организации. надвор на влезот имаме маса со кутија за донации и дела кои можат да се продаваат – изјави Николина Николовска, ликовен уметник и иницијатор на изложбата.
Анита Цветковска, директорката на градскиот музеј кој стои како еден од организаторите е задоволна што овие млади девојки дошле во нејзината канцеларија и побарале поддршка за еден хуман гест.
Сите средства ќе бидат донирани на здружението Порака наша. Навистина ми е псеобно драго и ми е чест и задоволство што сме домаќин и организатор на една ваква манифестација. Од она што го гледам е масло на платно, цртежи, комбинирана техника, туш, темпера. Имаме уметнички корпи изработени од нив и навистинстина е задоволство да се органзиира ваква манифестација и се надеваме дека ќе продолжиме да ја организираме – изјави Цветковска.
Манифестацијата со свој настап ја збогатија и два локални бендови составени од млади луѓе водени од идејата за хуманост.