Хорот ”Моис Хасон” ќе одржи целовечерен концерт посветен на Трајко Прокопиев

Сподели со своите пријатели

Во малата сала на НУЦК ”Трајко Прокопиев”, во среда /4 ноември/ со почеток од 19:30 часот, целовечерен концерт во чест на Трајко Прокопиев ќе одржи хорот ”Моис Хасон” од Скопје.

Loading...

На вечертта посветена на Трајко Прокопиев ќе бидат изведени негови дела, но и дела на С.Гајдов, Б. Симиќ, А. Наунов и други светски класици.

Хорот ˮМоис Хасонˮ го носи името во спомен на познатиот еврејски композитор и диригент од Скопје.

Тој бил активен во зачувувањето и одржувањето на сефардската музика и бил диригент на неколку хора во Скопје. Со 7144 Евреи од Македонија, и тој бил депортиран и екстерминиран во Треблинка во 1943 година.

Хорот на ЕЗРМ започнува со својата активност во февруари 2004 година. Се состои од аматерски и неколку професионални пејачи, членови на ЕЗРМ, како и почитувачи на сефардската култура и љубители на хорското пеење кои не се членови на заедницата.