Едно лице загина, а шестмина се повредени во верижен судир што синоќа, половина час по полноќ се случила на улицата „Лазо Трповски“ во Скопје.
Како што јавува „Курир“, во несреќата учествувале три автомобили, сите со скопски регистерски таблички, „Ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „Ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „Сеат“ кој го возел 42-годишниот Б.Е.
Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на „Роверот“. Тој со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.
Во страшната несреќа полесно повредени се и другите двајца возачи, како и четворица сопатници кои се наоѓале во автомобилите, Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (18) и А.Е. (19). Истите се пренесени во Ургентниот центар и во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на истата.