ХОРОР: Судија до смрт претепан на теренот, убиен поради жолт картон

Сподели со своите пријатели

Во Ел Салвадор се случила трагедија каква што светот не ја памети, откако 63-годишниот судија почина по аматерскиот меч, а смртта е констатирана во болницата Закамил.

Loading...

Фудбалскиот сојуз на Ел Салвадор излезе со соопштение во кое изразува жалење за смртта на судијата, кој беше претепан од навивачи и играчи на стадионот Толука во Сан Салвадор.

 

 

Синдикатот ги осуди сторителите на инцидентот кој беше предизвикан со еден жолт картон.

Diario El Salvador јавува дека полицијата го истражува целиот случај, но дека не се знае точно кој го нанел смртоносниот удар, па засега наводно нема уапсени.

„Само што добив телефонски повик и дознав што се случило со татко ми. Не бев на стадионот. Дознав дека напаѓачот го удрил татко ми и го застрелал надвор од теренот. Потоа почнал да го тепа додека не паднал, па тие продолжиле да го удираат посилно“, изјави Хаиро Амаја, синот на убиениот судија.

Loading...

 

 

Семејството сега се подготвува за погребот на човекот кој ја дели правдата во својата земја веќе две децении.