Холандскиот научник најавува: Можни нови земјотреси во Турција

Сподели со своите пријатели

Научник од Холандија кој „ги најави земјотресите“ во Турција и Сирија, повторно се огласи на својот Твитер профил „предупредувајќи“ од можни земјотреси повторно.

Loading...

На својот профил на Твитер, холандскиот научник Френк Хогербетс, кој претходно го „најави“ земјотресот во Турција и Сирија, денеска повторно проговори, ретвитувајќи го профилот SSGEOS (Истражувачки институт за следење на геометријата меѓу небесните тела во врска со сеизмичката активност) навестувајќи го продолжувањето на земјотресот со јачина од 5-6 степени.

„Прогноза: Геометријата на Месечината може да предизвика силна сеизмичка активност во наредните денови, особено околу 8-ми февруари, најверојатно во опсегот М6. Постои мала можност за поголем сеизмички настан.

Земјотресите ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат повеќе од 5 до 6 М“, пишува Хогербетс.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...