Гувернерот на Севастопол: Руската морнарица одби напад на украински дронови на пристаништето

Сподели со своите пријатели

Руската морнарица денеска одби напад на украински дронови на пристаништето Севастопол на Крим, објави гувернерот на тој град, кој Москва го анектираше пред девет години, додавајќи дека „хакнале“ некои радио станици кои емитувале лажни повици за евакуација на граѓаните.

Loading...

„Црноморската флота одби напад извршен со површински беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм гувернерот Михаил Развозаев, кој беше назначен од Москва.

„Тие (украинските беспилотни летала) се обидоа да навлезат во нашиот залив, но морнарите пукаа во нив, а работеше и нашата противвоздушна одбрана“, додаде гувернерот.

Тој рече дека во нападот не биле оштетени воените бродови, но искршени се прозорците на неколку згради. Тој изјави дека нема повредени.

Меѓу зградите со оштетени прозорци е и познатиот културен центар наречен „Москва куќа“ кој се наоѓа веднаш до пристаништето.

Гувернерот рече дека неколку локални радио станици во Севастопол емитуваат лажни предупредувања за евакуација на граѓаните и дека тие први ги започнале украински хакери.

„Откако успеавме да го одбиеме нападот со беспилотни летала на Севастопол, украинските нацисти започнаа дигитален напад“, рече гувернерот преку Телеграм, додавајќи дека биле емитувани повици за евакуација на граѓаните од полуостровот со траекти и ја осуди таа „лага“.

Тој рече дека во случај на реална опасност, предупредувањата ќе се емитуваат на сите канали истовремено и што е најважно, ќе се објавуваат и преку улични звучници кои не можат да бидат хакирани.

Loading...

Развозаев рече дека ситуацијата е под контрола и дека во градот се е мирно.

Од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, постојано беше цел на напади со беспилотни летала.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.