„Гучи“ претстави фустан за мажи – цената „ситница“

Сподели со своите пријатели

Модната марка Гучи лансираше фустан за мажи со сатенска лента и јака.

Loading...

Идејата била да се прекине со токсичните стереотипи кои го обликуваат идентитетот на машкиот пол.

 

 

Проблемот со оваа креација е што чини неверојатно многу. Долгата портокалова кошула со Петар Пан јаката стана тема број еден на социјалните мрежи од повеќе причини.

Фустанот – кошула е инспириран од стилот „grunge“ од деведесеттите години, неговата цена е околу 2.200 евра (2.600 американски долари), а има и сатенска лента околу половината, врзана во машна.

 

Loading...

 

Погледнете како изгледа на овој линк.

Истиот фустан може да се купи во цветен дезен и во таа варијанта е малку поевтин.

 

 

Фустанот за мажи се појави неколку недели откако Гучи лансираше фармерки со дамки од трева, што предизвика големи полемики.

Loading...

Leave a Reply