Фармерки со дамки од трева, но бидејќи се Гучи чинат многу!

Сподели со своите пријатели

Фармерките „Гучи“ со дамки од трева кои чинат скоро 700 евра предизвикаа голема полемика на социјалните мрежи.

Loading...

За вистинските љубители на дамките, постои и подобрена верзија со трегери чија цена достигнува 950 евра.

Фармерките се дел од машката колекција за есен/зима 2020 година.

Овие широки фармерки се направени од органски памук и се специјално обработени за да изгледаат како да се обоени и оштетени, пишува на официјалната веб-страница на Гучи.

 

 

Ова не е прв пат овој моден бренд астрономски да наплаќа парчиња за кои повеќето мислат дека се оштетени.

Loading...

Пред една година лансираа „валкани патики“ чија цена беше 870 долари.

Новите обоени фармерки секако беа поздравени со остри коментари на социјалните мрежи, а еден објавувач на мрежата напиша дека има неколку пара слични панталони во подрумот.

Leave a Reply