Граната пронајдена во кумановско Бедиње

Сподели со своите пријатели

Минофрлачка граната во корозивна состојба била пронајдена во кумановската населба Бедиње при изведба на градежни зафати.

Loading...

– На 22.02.2024 во СВР Куманово, Ш.Б.(55) од с.Отља, општина Липково, пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување раотни задачи со работна машина на пат,   пронашол граната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за корозирана минофрлачка граната калибар 120 мм.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци