Градови во кои забавата никогаш не престанува

Сподели со своите пријатели

Дегустација на најквалитетни пијалоци, слушање на најдобрата музика од различни жанрови и лудило до зори во толпа весели и пријателски луѓе…

Loading...

Доколку сакате да доживеете ваков вид забава, а притоа имате пари, списокот на Си-Ен-Ен на најдобрите дестинации во светот може да ви помогне .

Списокот ги вклучува светските престолнини на забава, избрани според различни критериуми, како што се разновидност на забава и уникатност.

Оставете ја културата и глетките настрана за еден момент и погледнете ги галериите во кои забавите никогаш не запираат.

Бангкок

Многу патници одат во главниот град на Тајланд без да знаат дека нуди многу повеќе од добра храна. Бангкок ја разви својата разиграна страна и стана космополитски град. Денес е полн со популарни рок-барови, дискотеки и пабови.

Image by Sasin Tipchai from Pixabay

Loading...

Барселона

Првото правило во Барселона е да не се задржувате во Ла Рамбла. Другите делови на градот се многу поинтересни ноќе и секако пред зори. Клубовите дури и не започнуваат со работа до пред полноќ. Медитеранската клима значи само едно – забави на отворено во текот на целата година.

Image by Walkerssk from Pixabay

Бејрут

Не е важно какво време од денот е, шансите се големи во тој момент во главниот град на Либан некаде да се случува луда забава. Брегот на Бејрут е полн со клубови и барови со панорамски поглед.

Image by djedj from Pixabay

Loading...

Берлин

Ноќниот живот во Берлин е толку развиен што некои клубови дури имаат кревети за оние кои не сакаат да го напуштат без одмор. Без разлика дали сакате да танцувате наутро, среде работна недела или да планирате големо излегување за викенд, ќе имате на располагање најмалку 10 клубови во секое дадено време.

Image by Michael Kauer from Pixabay

Лас Вегас

Ниту еден список на најдобри градови за ноќевање не е комплетен без Лас Вегас. „Градот на гревот“ има по нешто за секого. Речиси е невозможно да ви биде здодевно во град каде што можете за една ноќ да ја потрошите сета заштеда и во три наутро да ве венча двојникот на Елвис Пресли.

Image by David Mark from Pixabay

Loading...

Мајами

Градот во Флорида ги има сите предуслови за добра забава – убави плажи и сончево време во текот на целата година. Овој град, исто така, го сфаќа ноќниот живот многу сериозно, така што можете да најдете клубови за сечиј вкус.

Image by Holger Detje from Pixabay

Рио де Женеиро

Тука навистина знаат да се забавуваат, а не само на карневалот што изгледа дека трае цела година! Рио е прашума, самба, плажи од соништата и многу повеќе. Туристи ноќе се среќаваат во фенси клубови.

Loading...

Image by ASSY from Pixabay

Њујорк

Град што никогаш не спие и има ноќен живот што е едноставно бесконечен. Огромни клубови со диџеи од целиот свет, елегантни дневни барови или места каде во живо се изведува џез – можете да најдете скоро за секого по нешто во Њујорк и во секое време, ден или ноќ.

Loading...
Image by Free-Photos from Pixabay

Тел Авив

Благодарение на жителите кои сакаат да се забавуваат, израелската метропола се повеќе станува еден од градовите на Медитеранот кој нуди најдобра забава. Тоа е град во кој се собрани многу нации, така што атмосферата на мултикултурализам се чувствува во ноќниот живот.

Image by Stefan Nyffenegger from Pixabay

Leave a Reply