Од свое лично име, и од името на општинската администрација, на сите граѓани на Куманово им го честитам одбележувањето од 112 години од Илинденското востание и 71 година од првото заседание на АСНОМ.
На овој ден им одаваме почит на нашите херои кои го дадоа својот живот за слободата и независноста на Република Македонија.
Илинден е инспирација и потсетник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Денес треба да создадеме економски силна, национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија.
Тоа ќе го направиме само со посветено и чесно работење, почитувајќи ги националните, културните и историските традиции на македонскиот народ, се вели во честитката на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, по повод празникот Илинден.