Гори мостот на Крим (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гори мостот на Крим, кој го поврзува овој полуостров со Русија, омразениот симбол на окупацијата на јужниот дел на Украина.

Loading...

Фотографиите од мостот покажуваат голем пожар кој зафатил најмалку два железнички вагони од возот на мостот и огромен облак црн чад, пишува Гардијан.

Очевидци тврдат дека експлозијата се слушнала на километри и дека се случила околу 06:00 часот во саботата наутро, додека возот минувал преку мостот.

Сѐ уште не е целосно јасно што го предизвикало пожарот.

Други фотографии покажуваат дека дел од патниот мост, кој оди паралелно со железничките пруги, е урнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Мостот е и многу симболичен за Русија и важен логистички пат за снабдување на руските сили на Крим и јужна Украина под руска окупација.

Руски Тасс пренесува дека во инцидентот учествувала цистерна со гориво.

 

Loading...

 

„Според прелиминарните податоци, вагон со гориво горел на еден од делниците на мостот на Крим“, изјави Олег Криучков, портпарол на руските окупациски власти на Крим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Друг официјален претставник на Москва рече дека танкерот гори на еден од деловите на мостот, но сводовите не биле погодени.

„Рано е да се зборува за причините и последиците, пожарот се гаси“, рече тој.

Сепак, се чини дека видео снимките покажуваат како гори оган на неколку вагони покрај возот.

Руслан Стефанчук, претседателот на украинскиот парламент, на Твитер го коментираше пожарот на мостот на Крим.

„Крим е Украина. И сите вештачки папоци, патишта или мостови, нема да пуштат корен овде“, напиша тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.