Годишната стапка на инфлација во Унгарија во мај порасна на четири отсто

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Унгарија благо се зголеми во мај од 3,7 отсто во април на 4 отсто, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија (КСХ).

Loading...

Според извештаите, цените на струјата, гасот и другите горива во Унгарија во мај паднале за 2,4 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од априлскиот годишен пад од 4,5 отсто.

Во мај цените на храната се зголемија за еден процент на годишно ниво, а цените на услугите за 9,5 отсто, со исто темпо како и во април, пренесува Танјуг.

Наспроти тоа, алкохолните пијалоци и тутунот поскапеа за 3,5 отсто на годишно ниво, а облеката за 4,7 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шестмина убиени во мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико (ВИДЕО)

Годишната базна стапка на инфлација во Унгарија благо падна во мај од 4,1 отсто во април на 4 отсто, според КСХ.

На месечно ниво, цените во Унгарија паднаа за 0,1 отсто во однос на април.