Традиционалниот турнир во мал фудбал „Видовдан“ нема да се одржи оваа лето, одлучи регионалниот одбор на Српската заедница од Куманово, која беше организатор на оваа манифестација во изминатите години.
Како што информираат од одборот, одлуката е донесена затоа што термините се поклопуваат со одржувањето на Светското првенство во фудбал на кое учествува репрезентацијата на Србија.
– Во договор со претставници на екипите, досегашните учесници, членови на регионалниот одбор од Кумано, како главен носител на манифестацијата и останатите учесници, договорено е овогодинешната пауза да биде во знак на заедничкото навивање за репрезентацијата на Србија.