Главниот град на Северна Кореја ставен во карантин

Сподели со своите пријатели

Властите во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, наредија петдневен карантин поради зголемен број случаи на „неодредена“ респираторна болест, објави сеулскиот Ен-Ка њуз, цитирајќи владино соопштение.

Loading...

Во известувањето не се споменува „Ковид-19“, но се вели дека жителите на Пјонгјанг морале да останат дома до крајот на неделата и да се подложуваат на температурни проверки неколку пати на ден, според севернокорејскиот мониторинг Ан-Ка њуз, пренесува Ројтерс.

Според медиумите, се чини дека жителите на Пјонгјанг складираат стоки во очекување на построги мерки.

Сепак, не е јасно дали другите области на Северна Кореја воведоа некакви ограничувања.

Северна Кореја го пријави своето прво појавување на Ковид-19 минатата година, но до август прогласи победа над вирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Бајден нѐ доведе до работ на Трета светска војна

Сепак, таа никогаш не потврди колку луѓе се заразени со коронавирус.

Државната новинска агенција KCNA во вторникот објави дека градот Каесонг, кој се наоѓа во близина на границата со Јужна Кореја, ја засилил кампањата за јавна комуникација „за сите вработени доброволно да се придржуваат до прописите против епидемијата во работата и животот“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...