Ѓорѓиевска: Мнозинството во Советот не е против зголемување на бројот на деца во воспитните групи

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска на денешната прес-конференција во врска со детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово истакна дека моментално се запишани 635 деца повеќе од капацитетот на установата.

Loading...

„Мнозинството од Советот на Општина Куманово никако не е против зголемување на бројот на деца во воспитните групи, затоа што такви одлуки се носеле низа години наназад. Мнозинството е против барањето на Директорката за зголемување на број на децата според проширените капацитети, а кои важеа исклучително во ковид кризата и со допис од МТСП се укинати. Да се потсетиме тогаш се бараше поголем простор за ист број на деца во групите поради можноста од ширење зараза. Сега тоа би значело сместување на деца во вон-стандардни услови, односно во импровизирани простории, преградени занимални, ходници и трпезарии и користење на заеднички тоалети од страна на различни возрасни групи. Реалниот капацитет на градинката е 1174 деца. Моментално запишани деца се 1809, што значи 635 деца, односно над 50% од капацитетот согласно пропишаниот норматив. Директорката бара од советниците да дозволат запишување на уште повеќе деца во сите групи, вклучувајќи ги и групите во импровизираните простории“, информираше Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новогодишни пакетчиња од Општина Куманово за лицата со попреченост

На прес-конференцијата, Ѓорѓиевска посочи дека е против различни групи на деца да користат ист тоалет, и го потенцираше ризикот да се повтори случајот со салмонела во градинката за којшто сѐ уште нема разврска.

„Сите овие показатели значат нарушување на воспитно-образовниот процес, нарушување на здравјето на децата и најважно нееднаков третман на сите запишани деца. Побаравме од Директорката како советници да направиме група која ќе ги посети клоновите во Градинката, до сега немаме добиено одговор или покана, туку само напаѓања во јавноста, што укажува на голема затвореност на институцијата и некооперативност на Директорката“, рече Ѓорѓиевска.

Таа потенцираше дека е време сите објекти коишто се под Министерството за труд и социјална политика да се стават во служба на децата и родителите, а директорката време е да се зафати за вистинска менаџерска работа или да отстапи место на помлад кадар што ќе има идеја и енергија да спроведе големи зафати во интерес на градот, децата и родителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новогодишни пакетчиња од Општина Куманово за лицата со попреченост