Пиварниците во Германија најавуваат поскапување на пивото поради поскапувањето на енергијата и суровините.
Loading...
„Пиварниците се пред драматичен развој. Гледаме невидени зголемувања на цените на суровините, енергијата и логистиката“, изјави за Ројтерс Холгер Ајхеле, директор на Здружението на германски пиварници.
Според него, трошоците драстично растат и се закануваат целосно да излезат од контрола, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека поради тоа не може да биде изненадување што драстичното поскапување на производството ќе мора да се одрази и на потрошувачите.