Германскиот министер за здравство се откажа од одлуката за укинување на карантинот од 1 мај

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска се повлече од воведувањето на некои од најавените мерки за прекин на задолжителниот карантин за заразените со корона вирусот, велејќи дека се работи за грешка и дека е испратен погрешен сигнал.

Loading...

„Не бев во право. Коронавирусот не е настинка. Изолацијата мора да продолжи и по инфекцијата, која ќе ја утврдат и надгледуваат локалните здравствени власти“, напиша тој на Твитер.

 

Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство

 

Министерот во понеделникот рече дека задолжителната самоизолација, која трае 10 дена и со негативен тест, може да биде прекината по седум дена и ќе се укине од 1 мај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

Требаше да се замени со препорака за изолација пет дена по позитивен тест.

 

Loading...

Смртноста од Ковид е намалена за 43 отсто во изминатата недела

 

Министерот рече дека повеќе детали за неговата одлука ќе изнесе во текот на денот, а засега планот е да се задржи на сила петдневната задолжителна самоизолација.