Смртноста од Ковид е намалена за 43 отсто во изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Повеќе од девет милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус минатата недела, а повеќе од 26.000 починале, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Според СЗО, смртните случаи од коронавирус се намалени за 43 отсто во изминатата недела.

„По зголемувањето забележано во првата половина на март, бројот на нови случаи на ковид-19 опаѓа втора недела по ред, со 16 отсто помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април, во споредба со неделата претходно“, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки преглед.

 

Над 20.000 новозаразени во Кина за 24 часа, во Шангај се отвора ковид болница со 40.000 места

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Во периодот од 28 март до 3 април има вкупно 10.351.818 новозаразени и 26.285 починати, јави Танјуг.

Бројот на нови инфекции е намален во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка (19 проценти), Европа (16 проценти), Западен Пацифик (16 проценти), а бројот на смртни случаи е намален – особено во Југоисточна Азија, дури и 73 проценти и во Америка – 63 проценти.

Loading...

Најголем неделен број на нови случаи на инфекција е забележан во Јужна Кореја, а потоа следат Германија, Франција, Виетнам и Италија.